Берлинска телевизиска кула

предавателска кула во Берлин

Берлинска телевизиска кула (германски: Fernsehturm Berlin) — телевизиска кула во средишниот дел на Берлин, Германија.

Берлинска телевизиска кула
Fernsehturm Berlin 2016.jpg
Поглед на Берлинската телевизиска кула од југоисток
Општи податоци
Статусзавршена
Типтелевизиска кула, ресторан, опсерваторија
МестоБерлин,  Германија
Координати52°31′15″N 013°24′34″E / 52.52083° СГШ; 13.40944° ИГД / 52.52083; 13.40944Координати: 52°31′15″N 013°24′34″E / 52.52083° СГШ; 13.40944° ИГД / 52.52083; 13.40944
Завршена3 октомври 1969 година
Висина368,03 м
Проектирање и изградба
АрхитектХерман Хенселман
Главен изведувачИсточна Германија

Во близина на Александерплац во Берлин-Мите, кулата била изградена помеѓу 1965 и 1969 година од страна на Владата на Демократска Република Германија. Таа била наменета како симбол на комунистичката власт во Источен Берлин. Кулата останала и ден денес и е видлива од средишните, но и од некои приградски населби во Берлин. Со својата висина од 368 метри (вклучувајќи ја и антената) таа е на списокот на највисоките градби во Германија и втора највисока градба во Европската Унија. Од трите највисоки структури во Европа, таа е 0,5 метри пократка од Ришката радиска и телевизиска кула и 8 метри повисока од станицата Трбовље во 2017 година.

Кулата станала еден од најпознатите симболи на земјата и често се појавува во филмовите одиграни во Берлин. Поради својата местоположба во близина на Александерплац, таа понекогаш се нарекува Алекс кула.

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди