Берзитите заедно со домородното македонско население формирале во 7 век Склавинија т.е. кнежевство. Како една од најголемите склавинии (кнежевства), БЕРЗИТИЈА прераснала и во средновековна македонска држава Берзитија (L. Niederle, Slovan. starozhit., Dil. II, str. 428—29.), која ја спомнува и познатиот хроничар Теофан Конфесор (Theophanes, ibid., p, 447,10–13 ). Берзитија на свое чело имала кнез и секогаш била независна до 10 век, иако како вазал плаќала данок прво на Византија, а од 9 век данокот го плаќала на Бугарија. Сепак, никогаш Берзитија не била управувана од Византија или Бугарија.