Бергманска офанзива
Бергманска офанзива — првиот конфликт во Кавкаскиот поход во времето на Првата светска војна. На чело на походот застанал рускиот командант Георги Бергман кој ја презел иницијативата против Отоманското Царство[1].
Бергманска офанзива | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Османлиско Царство | Руско Царство | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Хасан Изет Паша | Георги Бергман | ||||||
Сила | |||||||
118,000 | 100,000 | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
14,000 | 40,000 |
Конфликтот започнал на 2 ноември кога руските сили ја преминале границата и се упатиле кон градот Копрукој. Како одговор на тоа, османлиските сили одговориле со контра-офанзива и руските сили биле спасени единствено поради доаѓање на засилување[1].
Борбите траеле до 16 ноември 1914 година[1] . Русите претрпиле голем пораз со околу 40,000 жртви наспроти 14,000 османлиски. Овој успех бил охрабрувачки за османлиските водачи и Енвер Паша наредил напад на Сарикамиш[1][2].
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Hinterhoff, Eugene (1984). The Campaign in Armenia. Marshall Cavendish Illustrated Encyclopedia of World War I, vol ii. New York: Marshall Cavendish Corporation. стр. 500. ISBN 0-86307-181-3.
- ↑ Zayonchkovskiy, A. M. (2000). World War I (руски). Saint-Petersburg: Poligon. стр. 878. ISBN 5-89173-082-0.