Белотрака окатка
Белотрака окатка (Pseudochazara anthelea) е вид на пеперутка, од семејството на шаренците. Пеперугата живее во Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Турција и Ирак. Мажјаците се различни од женките со тоа што имаат бела долна страна. Пеперугите живеат во суви и каменести предели, најчесто варовници.
Белотрака окатка | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Pseudochazara |
Вид: | Белотрака окатка |
Научен назив | |
Pseudochazara anthelea (Хибнер, 1825) |
Подвидови
уредиИма само еден подвид на белотраката окатка:
- Pseudochazara anthelea amalthea Frivaldsky 1845
Овој вид живее покрај реката Струма и на островот Крит.
Лет
уредиОвој вид на пеперуги летаат од мај до јули, во зависност од местото и климата. Ларвите живеат на треви.
Опис
уредиМажјаците се кафеави со бела примеса во средишниот дел на горната страна на крилјата, каде во долниот дел има жолтеникаво-портокалови нијанци. Има црни точки кај жолтеникавите нијанси. Долниот дел на крилјата е сив со бели точки. Женките се светлокафеави и имаат портокалова нијанса, и нема бела боја. Има црни точки во портокаловиот дел. Овие пеперуги ги има многу во средините каде живеат и летаат од април до јуни.[1]
Наводи
уреди- ↑ Seitz in Seitz, A. ed. Band 1: Abt. 1, Die Großschmetterlinge des palaearktischen Faunengebietes, Die palaearktischen Tagfalter, 1909, 379 Seiten, mit 89 kolorierten Tafeln (3470 Figuren)Оваа статија содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
Литература
уреди- Species info
- "Pseudochazara de Lesse, 1951" at Markku Savela's Lepidoptera and Some Other Life Forms
- Butterflies of Europe, Tom Tolman, 1997, Princeton University Press