Стандардизација на белорускиот јазик

Стандардизацијата на белорускиот јазик бил процес со кој се засновале правописните, граматичките и лексичките норми на јазикот. Белоруската правописна реформа од 1933 година е стандардот кој и денес се користи во Белорусија. Луѓето кои се поддржувачи на стариот правопис тарашкевица тврдат дека белоруската реформа од 1933 година била под силна русификација.

Белоруски јазик
Беларуская мова
„Белоруска граматика“

Стар правопис

уреди

Разлики меѓу стариот и новиот правопис

уреди

Разликите меѓу стариот и новиот правопис се:

  1. промена во почетните букви на асимилативо омекнување: „песня“, „свет“, наместо „песьня“, „сьвет“.
  2. мекиот знак не се пишува меѓу двојни согласки: „каханне“, наместо „каханьне“.
  3. честичката „не“ и предлогот „без“ се пишуваат непроменето, без разлика на промената на изговорот: „не быў“, наместо „ня быў“; „без мамы’“ наместо „бяз мамы“.
  4. позајмени зборови се регулирани: т.н. акање е зачувано во сите случаи освен во мала група од околу 10 зборови, средноевропското „l“ се предава како мек и употреба на зборовни завршетоци „-ый, -iй“, на пример „алюміній“ наместо „алюміні“.
  5. правописот на личните имиња е регулиран па така наместо изведени разговорни имиња се користат канонски православни. Така на пример се користи името Юрый наместо Юрка, Юры, Юра или Юрась.
  6. завршетоците на „-а“ и „-у“ во генитивот се регулирани како „-а“ во рускиот, не како „-у“ како што е во некои дијалекти. Одреден е и правописот на дативот и предлошкиот падеж.

Наводи

уреди

Поврзано

уреди