Белокрањска повитица
Белокрањска повитица е словенечко национално јадење. Наводно било донесено во регионот на Белата Карниола од Ускоците (хрватски хабсбуршки војници) кои ги населувале источните области на јадранскиот простор.[1] Самото име, povitica, го објаснува начинот на кој се спрема десертот. Терминот повитица потекнува од глаголот poviti кој значи „да се завитка“.
Тестото се прави од брашно, вода, сол и 1/2 лажичка оцет. Тестото се остава да отстои половина час. Тоа потоа се расукува и растегнува да е потенко.
Филот е направен од рикота, јајца, слатка павлака, масло и путер. Филот се распределува рамномерно на растегнатото тесто, се витка и се става во подмачкан плех за печење.
Режим на заштита
уреди- Гарантирани традиционални специјалитети (TSG) во Европската Унија
Поврзано
уреди- Список на колачи
- Ролат од ореви, американски десерт кој е сличен или добиен од Белокрањска повитица .
- Словенечка кујна
Наводи
уреди- ↑ Taste Slovenia. Bogataj Janez, 2007. Rokus Gifts. ISBN 978-961-6531-39-9