Белкабелиот дел на окото. Таа е цврста, нерастеглива и непроѕирна. За разлика од очите на повеќето животни, белката на човечкото око е бела или бледа. Ова ни олеснува да видиме каде гледаат другите луѓе. За повеќето цицачи, белката е со иста боја како шареницата. Се образува од колагенски влакна собрани во снопови. Сочинува 5/6 од фиброзната мембрана на окото. Просечната дебелина се движи од 0,3 во областа на прицврстување на правите очни мускули до 1 милиметар во областа на задниот дел на окото. Дебелината на белката кај децата е толку мала што низ неа свети виден пигмент, давајќи ѝ син тон. Со возраста, дебелината на белката се зголемува.[1][2][3]

Белката го образува белиот дел на човечкото око

Наводи

уреди
  1. Cassin, Barbara; Solomon, Sheila A.B. (1990). Dictionary of Eye Terminology (2nd. изд.). Gainesville, Fla.: Triad Pub. Co. ISBN 978-0937404331.
  2. Hermann D. Schubert. Anatomy of the Orbit „New York Eye and Ear Infirmary of Mount Sinai - New York City - NYEE“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-10-08. Посетено на 2008-05-19.
  3. Mukamal, Reena (30 July 2020). „Why Are the Whites of My Eyes Discolored?“. American Academy of Ophthalmology (англиски). Посетено на 11 December 2020.

Надворешни врски

уреди