Бела капела
Белата капела на фараонот Сенусрет I, позната и како Јубилејна капела на Сенусрет I, била изградена за време на Средноегипетско Кралство. За време на Новото Кралство била срушена и користена како материјал за Третиот столб во храмот на Амун-Ре во Карнак.[2]
Белата капела на Сенусрет I | |
---|---|
Северната фасада на Белата капела | |
Изграден | 1971 п.н.е. до 1926 п.н.е. (Сенусрет)[1] |
Срушен | 1390 п.н.е. до 1352 п.н.е. (Аменхотеп III)[1] |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Egypt" does not exist |
Во 1927 година, демонтираните парчиња биле пронајдени во Третиот столб на главниот храм, конструиран во времето на Аменхотеп III, кај Карнак, а помеѓу 1927 и 1930 година сите парчиња биле внимателно отстранети. Овие парчиња потоа биле собрани во зградата што се гледа денес во Музејот на отворено во Карнак.[3]
Белата капела била изработена од варовник. Неговите столбови имаат релјефи со многу висок квалитет, кои тешко се гледаат на друго место во Карнак, и го прикажуваат фараонот Сенусрет како е крунисан и прегрнат од Амон, Хор, Мин и Птах.
По целата должина на основата на надворешните ѕидови има низа релјефи што ги прикажуваат амблемите и боговите на номите или покраините на Египет. На западната страна се наоѓаат домовите на Горниот Египет, а од источната се наоѓаат домовите на Долен Египет.
Слики од Белата капела
уреди-
Релјеф од Белата капела
-
Релјеф од Белата капела
-
Номи прикажани во Белата капела
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „White Chapel of Senusret I“. Madain Project. Посетено на 31 јануари 2021.
- ↑ Blyth, Elizabeth (2006). Karnak: Evolution of a Temple. London: Routledge. стр. 15.
- ↑ Lacau & Chevrier 1969
- Lacau, P &, Chevrier, H. (1969). Une Chapelle de Sesostris 1er. Service des Antiquities, Cairo.
- Arnaudiès, Alain; Beaux, Nathalie; Chéné, Antoine (2015). Une chapelle de Sésostris Ier à Karnak. Paris: Soleb. ISBN 9782918157236.