Бела грива
„Бела Грива“ (француски: Crin-Blanc) — роман за деца на францускиот писател Рене Гијо.
Содржина
уредиКнигата се состои од 11 глави:[1]
- Чергари
- Грабнување
- Старецот гардијана Антонио
- Белиот принц
- Заробување
- Кога соништата се остваруваат
- Пролетни турнири
- Бела Грива исчезна
- Свеченоста во Арл
- Господарот на коњите
- Како во убав сон
Изданија на македонски јазик
уредиВо 2004 година, романот бил објавен од издавачката куќа „Просветно дело“, Редакција „Детска радост“, во библиотеката Лектирни изданија. Преводот на македонски јазик е дело на Велика Ширилова, автор на илустрациите е Диме Илиев Димано, лектурата и коректурата ги извршил Дениз Тесторидес, дизајнот и графичкото уредување го направил Жарко Туниќ, а книгата била испечатена во печатницата „Напредок“ во Тетово. Книгата, со обем од 120 страници и димензии од 20 сантиметри е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-30-612-5.[1]