Бела вила е обичај, односно ритуал што го практикува православното српско население во Велика Хоча, населба на Косово и Метохија. Обредот се практикува на третиот ден од Велигден и е составен дел од обичајните обредни дејствија што се изведуваат во оваа населба за време на празнувањето на овој верски празник.[1]

Поради нејзината важност за зачувување на идентитетот и континуитетот на Србите во Велика Хоча, обредот на Белата вила, на предлог на Институтот за српска култура Приштина - Лепосавиќ, во 2017 година бил вклучен во Националниот регистар на нематеријално културно наследство на Србија.[2]

Опис на обичаите

уреди
 
Црква Св. Стефан
 
Црква на манастирот Св. Јован

Бела вила е обичај што се практикува во Велика Хоча на третиот ден од Велигден, како составен дел од комплексниот комплекс на колективни обичајно-обредни дејствија кои се изведуваат во рамките на празнувањето на Велигден.[3] Дејствија што се изведуваат за време на обредот се состоијат од два дела: игра што го симболизира ловот на диви коњи, и игра што ја симболизира изградбата на градот.[2]

  • Првиот дел на обредот се „ловџиите“ (група од десетина млади момчиња кои глумат ловци) кои со млади разлистани гранки долги околу три метри се обидуваат да „уловат диви коњи“ (група од дваесет момчиња кои глумат коњи) и ги доведуваат до „пазарот“, односно местото каде ќе ги „продадат на купувачите“.
  • Во другиот дел на обредот момчињата стојат во круг, правејќи формација со кружна форма со нивните тела составена од два реда учесници – доле и горе, симболично „градејќи град”. Учесниците прават дупло коло во кое група од појаки момчиња на рамената ги подигнуваат оние полесните[4] (формација слична на црногорското оро). Затоа што „градот е изграден“, учесниците пејат песна Бела вила град градила[1]. Од исклучително значење е Белата вила „да успее“ да изгради град, бидејќи се верувало дека таа имала влијание врз иднината, не само во плодноста на годината, туку и во другите сегменти воопшто врзани за опстанокот на жителите.[5]

На церемонијата на Белата вила ѝ претходи литургија и церемонија наречена Игра на паунот.[5] Литија оди од црквата Свети Стефан до црквата Свети Јован Крстител.[6] Потоа следи обредот играта со пауни, која е вовед во Белата вила. За време на овој обред жените во народна носија играат оро кое завршува со „инка“ низ која сите учесници поминуваат до олтарот во црквата Свети Јован, каде што и подаруваат скромни подароци на црквата.[4]

Значење за националниот идентитет

уреди

Велика Хоча претставува еден од главните центри на српската духовност и култура на Косово и Метохија. Оваа место се одликува со голем број православни светилишта, но и со богато културно наследство кое од колено на колено го чува локалното српско население.[2]

Елементи од ритуалот на Белата вила има и во некои други области во Косово,[6] но овој стар велигденски обичај во целина се одржал само во Велика Хоча. Тоа е дел од традицијата со која населението на ова место се поистоветува, го смета исклучиво за свое и со него го поврзува своето постоење и континуитет на тој простор.[5]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Бела вила“. Нематеријално културно наслеђе Србије. Министарство културе и информисања РС и Етнографски музеј у Београду. Посетено на 11 декември 2019.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Predstavljanje običaja „Bela vila" u Prištini“. KoSSev. 11 јули 2019. Посетено на 11 декември 2019.
  3. „„Ускршњи обичај Бела вила у Великој Хочи". Званична презентација. Општина Грачаница. Архивирано од изворникот на 10 јуни 2020. Посетено на 11 декември 2019.
  4. 4,0 4,1 "БЕЛА ВИЛА" ИЗ ВЕЛИКЕ ХОЧЕ - НЕМАTЕРИЈАЛНО КУЛTУРНО БОГАTСTВО СРБА“. СРНА. 12 јули 2019. Архивирано од изворникот на 11 декември 2019. Посетено на 11 декември 2019.
  5. 5,0 5,1 5,2 "Док постији Бела вила, биће и Срба у Великој Хочи". Јединство. 12 јули 2019. Посетено на 11 декември 2019.
  6. 6,0 6,1 „Bela vila: Čuvar identiteta Hočana“. Zvanična prezentacija. RTK. Посетено на 11 декември 2019.

Надворешни врски

уреди