Белата грофица (филм)

Белата грофица (англиски: The White Countess) е филм во режија на Џејмс Ајвори. Главните улоги ги толкуваат: Наташа Ричардсон и Ралф Фајнс.

Содржина

уреди

Дејството на филмот се одвива во Шангај, во 1930 година. Софија е сиромашна руска грофица, која побегнала од својата земја поради Октомвриската револуција и граѓанската војна. Таа е принудена да работи како такси-возач и танчерка во бар за да преживее. Таму, таа го запознава слепиот дипломат Тод Џексон, кој отвора луксузен бар под името „Белата грофица“ и ѝ понудува на Софија да работи за него. Меѓу нив започнува да се развива чудна врска, која наеднаш е прекината поради јапонската инвазија на градот.[1][2][3]

Наводи

уреди
  1. Антена, број 839, 25.7.2014, стр. 16.
  2. Антена, број 847, 19.9.2014, стр. 16.
  3. Антена, број 856, 21.11.2014, стр. 22.