Безусловно предавање

(Пренасочено од Безусловна капитулација)

Безусловно предавање (или безусловна капитулација) е предавање во кое на страната која се предава не ѝ се даваат никакви гаранции. Честопати се изнудува под закана од целосно уништување, или истребување.

Сепак, во поново време, барањата за безусловно предавање најчесто содржат гаранции предвидени со меѓународното право. Ако посилната страна објави дека прифаќа само безусловно предавање, таа врши психолошки притисок врз послабиот противник, но исто така може да ги продолжи непријателствата.

Примери

уреди

Бану Курејза за време на Мухамеданската ера

уреди

По битката во ровот муслиманите тактички ги победиле своите противници. Како резултат на тоа, муслиманската војска го опколила племето Бану Курејза, и тие безусловно се предале.[1] Сите мажи, освен неколкумина кои го прифатиле исламот, биле погубени, а жените и децата биле заробени.[2][3][4][5][6] Историчноста на инцидентот е доведена во прашање.[7]

Наполеон Бонапарт

уреди

Откако Наполеон Бонапарт побегнал од островот Елба, делегатите на европските сили на Виенскиот конгрес на 13 март 1815 го прогласиле за одметник.

Поради тоа што се сметал за одметник, кога Наполеон му се предал на капетанот Мејтланд на крајот од Стоте дена, тој не бил заштитен како шеф на држава со военото или меѓународното право и Британците немале законска обврска ниту да го прифатат неговото предавање ниту да му го поштедат животот. Сепак, го поштедиле и го протерале на островот Света Елена.[8]

Втора светска војна

уреди
 
Јапонската делегација, предводена од Мамору Шигемицу, се подготвува да го потпише инструментот за предавање на бродот Мисури во Токискиот залив, 2 септември 1945 година
 
Филдмаршалот Вилхелм Кајтел го потпишува дефинитивниот акт за безусловно предавање на германската војска во Берлин.

Употребата на терминот заживеал за време на Втората светска војна. На Конференцијата во Казабланка (јануари 1943) американскиот претседател Френклин Рузвелт пред печатот изјавил дека цел на војната против силите на Оската било нивно безусловно предавање.

Терминот се користи и во Постдамската декларација испратена до Јапонија на 26 јули 1945 година. Кон крајот на декларацијата, се вели: „Ја повикуваме владата на Јапонија сега да објави безусловно предавање на сите јапонски вооружени сили“ со предупредување дека ако не го стори тоа ќе следи „брзо и целосно уништување“.

Се тврди дека барањето за безусловно предавање ја продолжило Втората светска војна во Европа. Тоа било користено од германската домашна пропаганда за да поттикне понатамошен отпор против сојузничките армии.

Исто така, се тврди дека без барањето за безусловно предавање, Средна Европа можеби немала да падне зад Железната завеса. „Тоа беше политика што Советскиот Сојуз ја прифати со радост, веројатно затоа што целосно уништената Германија ќе ѝ помогне на руската програма за повоена експанзија“.[9] Се тврди и дека ја продолжило војната со Јапонија и дека е причина за атомските бомби врз Хирошима и Нагасаки (види дебата за атомските бомбардирања на Хирошима и Нагасаки (Анг).[10]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Watt, Muhammad: Prophet and Statesman, pp. 167–174.
  2. Peterson, Muhammad: the prophet of God, p. 125-127.
  3. Ramadan, In the Footsteps of the Prophet, p. 140f.
  4. Hodgson, The Venture of Islam, vol. 1, p. 191.
  5. Brown, A New Introduction to Islam, p. 81.
  6. Lings, Muhammad: His Life Based on the Earliest Sources, p. 229-233.
  7. For details and references see discussion in main article.
  8. MacDonald, John (1823). „Character of Bonaparte“. Во Urban, Sylvanus (уред.). The Gentleman's magazine (part 1). 16th of the New Series. 93. F. Jefferies. стр. 569.
  9. Deane, John R. 1947.
  10. „Debate over the atomic bombings of Hiroshima and Nagasaki“. Wikipedia (англиски). 2022-04-01.

Надворешни врски

уреди