Бегството во Египет (Пусен)

Бегството во Египетслика со масло на платно на францускиот уметник Никола Пусен, насликана во 1657 или 1658 година. Првично била чувана во Музејот Лувр, а потоа била префрлен во Музејот на ликовни уметности во Лион.

Бегството во Египет
Творец Никола Пусен
Година 1657
Место Музеј за ликовни уметности во Лион, Лион

Историја

уреди

Сликата веројатно е вдахната од сликата на истата тема на италијанскиот барокен сликар Анибале Карачи.

Оваа слика се појавила на наддавање во Версај во 1986 година со почетна цена од 80.000 франци. Го купиле Ришар и Робер Пардо за 1.600.000 франци. Изложена во галеријата, подоцна била признаена како автентично дело на уметникот. Потоа имало долго судење чиј исход бил неповолен за Пардо: конечната одлука била повторно да биде дадена сликата на продавачот. Сопственикот тогаш сакал да го продаде ова дело за повеќе од 15 милиони евра. Музејот на ликовни уметности во Лион потоа почнал да ги собира парите за да ја стекне.

Во јули 2007 година, Лувр и Музејот на ликовни уметности во Лион конечно успеале да ги соберат потребните средства за купување на сликата. Тоа би било едно од најскапите дела некогаш собрани од патронажата, со цена од 17 милиони евра (1 милион обезбедени од градоначалникот на Лион, 250.000 од регионот Рона-Алпи, 1 милион од музејот Лувр со сопствени средства, и над 18 покровители како Gaz de France кој даде 3 милиони евра, TotalEnergies, AXA, бизниси и банки од Лион и приватен донатор). Делото било купено за Лувр и било пренесено во февруари 2008 година во Музејот на ликовни уметности во Лион, родниот град на Жак Серизје, кој бил првиот собирач на сликата и кој веројатно бил нејзин спонзор.[1][2][3][4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Emmanuel de Roux and Nathaniel Herzberg, "Grandes manœuvres pour conserver en France un tableau de Poussin", Le Monde, 17 февруари 2007, стр. 28
  2. Nicolas Roloff, "Un Poussin pour le musée de Lyon", Grande Galerie, Le Journal du Louvre, n° 1, есен 2007, стр. 76-77
  3. "La Fuite en Égypte de Poussin racheté par l'État", Le Monde, 19 јули 2007
  4. "17 millions d'euros pour La Fuite en Egypte de Poussin", Le Monde, 20 јули 2007