Бдеењето на Финеган
Бдеењето на Финеган (англиски: Finnegans Wake) - роман на ирскиот писател Џејмс Џојс од 1939 година.
Содржина
уредиОсврт кон романот
уреди„Бдеењето на Финеган“ е последното дело на Џојс и еден вид продолжение на неговите два претходни романи, „Портрет на уметникот во младоста“ и „Улис“. Откако во нив го опушал развојот на свеста на човекот во детството, младоста и во зрелоста, во овој роман тој се обидува да го опише човекот за време на сонот. Трудејќи се да ја анализра потсвеста на човекот, Џојс создава посебен јазик во кој се мешаат елементите на дванаесетина различни јазици, како што во фабулата се спојуваат најразлични митови. На тој начин, романот станува целосно неразбирлив и се претвора во огромна панорама на зборови од кои некои се долги по еден ред. Поради тоа, без длабоко студирање и лексичко анализирање на потеклото на зборовите тешко може да се навлезе во ова чудо на светската книжевност во кое проучувачите на творештвото на Џојс пронаоѓаат големо јазично и психолошко богатство. Меѓутоа, од гледна точка на нивото на психолошката длабочина достигната во книжевноста, „Бдеењето на Финеган“ претставува беспаќе во кое се нашол авторот, оддалечувајќи се од луѓето и од светот.[1]
Наводи
уреди- ↑ Vida E. Marković, „Džems Džojs“, во: Džems Džojs, Portret umetnika u mladosti. Beograd: Rad, 1964, стр. 275-276.