Бајски Канал
Бајски Канал е воден тек кој го спојува градот Баја во Унгарија со Големиот Бачки Канал кај Бездан,[1] проаѓајќи низ Националниот парк Дунав-Драва и Специјалниот резерват на природата Горње Подунавље.[2] Долг е вкупно 44 километри, од кои 33 се од унгарска, а 11 од српска страна.[3] Се смета за најчист канал во Србија поради што има богат рибен фонд.[4]
Настанoк и развој
уредиБајскиот Канал настанал од еден меандер на Дунав, но со промена на главниот речен тек останал отсечен. Поради својот пловен потенцијал бил уреден и на него се одвивал водениот сообраќај, а за да се регулира нивото на водата биле изградени преводници. Како последица, после Првата светска војна, поголемиот дел од каналот останал во Унгарија, која не видела интерес од чистење на каналот од калливиот влез во каналот, што се одразило и на Големиот Бачки Канал. Дури со договорот од 1930 година било решено прашањето за снабдување на каналот со вода, а и понатамошното негово одржување. Со каналот во 1931 година се одвивале 10 проценти од вкупниот извоз на Кралството Југославија.[5]
Премините Шебешфок и Бездан, на влезот во Големиот Бачки Канал, од 1988 година не биле во функција. Биле реконструирани во 2020 година, додека Бајскиот Канал бил исчистен од унгарската страна во дужина од 35 километари[6][7][8]
Флора и фауна
уредиПоради изразито чистата вода, Бајскиот Канал е познат како живеалиште за речиси сите слатководни рибни видови. Бреговите на каналот се обраснати со трска, додека во крајбрежните делови можат да се видат водени бели кринови.[9] Покрај каналот се протега шумата „Карапанџа”, во која доминира дабот лужњак.[10][11][12]
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ „Istorija Velikog bačkog kanala u somborskom Muzeju“. vojvodinadanas.rs. 11 април 2021. Посетено на 10 јули 2021.[мртва врска]
- ↑ Васиљевић, Злата (25 јуни 2018). „Бездан - почетак и(ли) крај три канала“. Радио-телевизија Војводине. Посетено на 25 април 2021.
- ↑ „Sve spremno za rekonstrukciju kanala Baja-Bezdan“. bizlife.rs. 27 февруари 2012. Посетено на 25 април 2021.
- ↑ Stojanov, Ivana (9 јули 2020). „Najčistiji kanal u Srbiji je pravi raj za plivanje i pecanje“. Нова С. Посетено на 25 април 2021.
- ↑ Stepanović, Milan (31 мај 2018). „Veliki bački kanal“. ravnoplov.rs. Посетено на 25 април 2021.
- ↑ Ћурчија, Предраг (10 февруари 2020). „Преводнице Шебешфок и Бездан у функцији до лета“. Радио-телевизија Војводине. Посетено на 25 април 2021.
- ↑ „Brodovi kroz prevodnicu Bezdan posle tri decenije“. somborportal.rs. 26 септември 2020. Посетено на 25 април 2021.
- ↑ Бекић, Ј. (29 септември 2020). „Бродови поново могу да плове: Обновљена најстарија преводница Бездан, на Дунаву, надомак Сомбора“. Вечерње новости. Посетено на 25 април 2021.
- ↑ „Bajski kanal, Bački Breg“. gdenapecanje.com. Посетено на 25 април 2021.
- ↑ Gorjanac, Zlatko (9 септември 2011). „Vojvođanska ljetovališta: Bajski kanal“ (хрватски). Хрватска ријеч. Посетено на 25 април 2021.
- ↑ Pašin, Grozdana (21 мај 2020). „Ekocentar „Karapandža", SRP „Gornje Podunavlje"“. Удружење туристичких новинара Војводине. Посетено на 25 април 2021.
- ↑ Кахримановић, Вања (2 јули 2021). „Срцем се бира Србија - кануи, бицикли и активан одмор код Бездана“. Радио-телевизија Србије. Посетено на 10 јули 2021.
Надворешни врски
уреди„Бајски Канал“ на Ризницата ? |
- SRP “Gornje Podunavlje“ на сајту vojvodinasume.rs
- Bajski kanal на сајту gimnazijaso.edu.rs