Езопови басни

(Пренасочено од Басни од Езоп)

Езопови басни или „Езопики“ — збирка басни припишани на Езоп (620560 п.н.е.), роб и раскажувач од Стара Грција. Во овие кратки басни животните се персонификација на луѓето, со нивните најразлични карактери и ситуациите во кои се наоѓаат. Тие се доста популарни заради нивната поучна содржина за децата до ден денес. Многу од овие приказни како „Лисицата и грозјето“, „Желката и зајакот“, „Северецот и сонцето“ и „Овчарчето и волкот“, се добро познати ширум светот.

Aesopus moralisatus, 1485
Желката и зајакот“, илустрирал Мајло Винтер во Езопова антологија од 1919

Покрај тоа што се доказ за големината и разновидноста на хеленскиот дух, Езоповите басни се ран доказ за положбата на писателот и на книжевниот говор во однос кон општеството. Благодарејќи на тоа што човековите маани ги опишува посредно, преку однесувањето на животните и што непријатната вистина ја искажува низ наивна приказна, басната им дозволувала на писателите голема уметничка слобода. Езоп ги создавал басните за да ги поучи луѓето и да ги направи подобри, но покрај нивната педагошка намена, тие имаат и голема уметничка вредност, зашто се одликуваат со свежина, хумор, бистрина и правичност.[1]

Басни

уреди

Некои од најпознатите Езопови басни се:

Наводи

уреди
  1. Мухарем Первић, „Езоп и Доситеј“, во: Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 7-8.