Баскиска земја
Баскија или Баскиска земја (на баскиски: Euskal Herria; на шпански: País Vasco; на француски: Pays basque) — името на земјата на Баските. Регијата се наоѓа на западните Пиринеи, опфаќајќи ја границата меѓу Франција и Шпанија на брегот на Бискајскиот Залив. Најстарото документирано баскиско име за областа во која живеат е Еускал Херија и датира од 16 век. Оваа регија ги опфаќа границите на шпанските автономни заедници Баскија и Навара и на Северна Баскија во Франција. Таа е земјата на баскискиот народ (на баскиски: Euskaldunak), нивниот јазик (на баскиски: Euskara), култура и традиции. Областа не е ниту јазично ниту културно хомогена, па одредени делови имаат мнозинско население кое не се смета за баскиско.