Бановиќ Секула и Јован Косовац

Бановиќ Секула и Јован Косовац (српски: Бановић Секула и Јован Косовац) - српска епска (јуначка) песна.

Содржина

уреди

Јанко Сибињанин и Бановиќ Секула пијат заедно вино при што Јанко го прашува дали некогаш се исплашил. Секула му одговара дека во целиот живот само еднаш се преплашил и му ја раскажува случката: Еднаш, рано наутро отишол во Косово и таму сретнал старц како јава куц коњ, а на шапката носел позлатено крило. Секула му го украл крилото и побегнал, а старецот попусто го молел да му го врати. Тогаш, старецот се налутил и веднаш со боздоганот го соборил Секула на земјата, а кога сакал да го исече со сабјата, Секула му кажал дека му е внук на Јанко Сибињанин. Кога го слушнал тоа, старецот му го поштедил животот и го испратил во дворецот на Јанко Сибињанин. Слушајќи ја приказната, Јанко Сибињанин му кажува на Секула дека непознатиот јунак воопшто не бил старец, туку тој е Јован Косовац кој го чува Косово.[1]

Осврт кон песната

уреди

Јован Косовац е еден од ретките јунаци во српската епика кои внесуваат оптимизам во трагичните песни за времето по пропаѓањето на српската држава. Тој е претставен како итар старец, чувар на Косово и умее да се претвори како немоќен и да го натера коњот да куца на три нозе, а како мамец, на главата носи златно перо. Така, ги мами насилниците да го ограбат, а тогаш старецот и неговиот коњ доживуваат невидена преобразба и злосторникот го стигнува заслужената казна. Во подвитканиот Јован Косовац е прикажана стварноста на „кутрото и крваво“ поробено Косово, а во исправениот Косовац е изразен стремежот на народот за ослободување од ропството.[2]

Наводи

уреди
  1. Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 257-260.
  2. Војислав Ђурић, „О народним епским песмама“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 15.