Бандиера роса
Бандиера роса (италијански: Bandiera rossa - црвено знаме) е една од најпознатите песни на италијанското работничко движење. Песната често се именува по уводниот стих на песната. Тема на песната е црвеното знаме, симбол на социјализмот и комунистичкото движење. Текстот на песната во 1908 година го напишал Карло Туци додека мелодијата е преземена од две ломбардски народни песни.
Постојат неколку верзии на оваа песна со малку изменет текст. Последниот стих бил додаден дури откако Бенито Мусолини дошол на власт, додека во исто време првиот стих од оригиналната верзија „Compagni avanti alla riscossa “ бил заменет со стихот „Avanti o popolo, alla riscossa".
Оваа песна ја обработиле во своја верзија и ја изведуваат КУД Идиоти и Панкрти.
Текст на песната
уредиМакедонски
Го бркате народот, на востание,црвено знаме, црвено знаме. Го бркате народот, на востание, Црвеното знаме ќе победи. Црвеното знаме ќе победи, црвеното знаме ќе победи Црвеното знаме ќе победи, да живее комунизмот и слободата. |
Италијански
Stai inseguendo la gente, in una rivolta, bandiera rossa, bandiera rossa. Insegui la gente, in una rivolta vincerà lo Stendardo Rosso. Vincerà la bandiera rossa, vincerà la bandiera rossa Vincerà la bandiera rossa, viva il comunismo e la libertà. |