Бангкокшки Залив
залив во Тајланд
Бангкокшки Залив (тајландски: อ่าวกรุงเทพ, трскр. Ао Крунг Теп) — најсеверниот дел на поголемиот Тајландски Залив. Се протега од округот Хуа Хин на запад до округот Сатахип на исток. Во него се влеваат три големи реки во централен Тајланд — Чао Праја (со нејзината растока Та Чин), Ме Клонг и Банг Паконг.
Бангкокшки залив อ่าวกรุงเทพ | |
---|---|
Карта на Банкгкокшкиот Залив | |
Подрачје | Тајланд |
Координати | 13°04′N 100°30′E / 13.067° СГШ; 100.500° ИГД |
Вид | залив |
Главни приливи | Тајландски Залив |
Најг. должина | 100 км |
Најг. ширина | 100 км |
Површина | 8,640 км2 |
Во заливот има неколку острови на извесно растојание од источниот брег како Ко Сичанг, Ко Лан и Ко Пај.[1]
Екологија
уредиНадлежниот орган го опишува квалитетот на водата во Бангкокшкиот Залив како „многу лош“.[2]:54
Наводи
уреди- ↑ Хидроградска служба на Кралската воена морнарица на Тајланд, Карта 142
- ↑ Thailand State of Pollution Report 2015 (PDF). Bangkok: Pollution Control Department, Ministry of Natural Resources and Environment. 2016. ISBN 978-616-316-327-1. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-09-05. Посетено на 5 септември 2017.
Поврзано
уредиОваа статија место во Тајланд е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |