Банани (филм од 1971)
„Банани“ (англиски: Bananas) — американски филм од 1971 година, во режија на Вуди Ален, кој е автор и на сценариото, заедно со Мики Роуз. Главните улоги ги толкуваат: Вуди Ален, Луиз Лесер, Карлос Монталбан и Нативидад Абаскал.[1]
Содржина
уредиФилдинг Мелиш (го игра Ален) е несреќен млад човек од Њујорк кој заработува така што тестира нови производи. Тој се обидува да ја освои младата и убава активистка Ненси (ја игра Лесер). Набргу, тој заминува во малата латиноамериканска земја Сан Маркос, каде случајно им се придружува на бунтовниците, а по успешно извршената револуција, тие го назначуваат за претседател на земјата. Во потрага по пари, Мелиш мора да отпатува во САД, но таму го апсат...