Балдуинова кула
Балдуиновата кула ― кула која се наоѓа во Архитектонско-музејскиот резерват „Царевец“, Велико Трново, Бугарија.
Балдуинова кула | |
---|---|
Поглед на кулата | |
Општи податоци | |
Вид | кула |
Град | Велико Трново |
Земја | Бугарија |
Југоисточната борбена кула го штитела најранливото место на крепоста Царевград Трнов, Френкхисарската порта и изворот на вода од реката Јантра.
Нејзиното именување се поврзува со легендите за римскиот (латински) император Балдуин Фландриски, којшто после битката кај Адријанопол во 1205 година според некои без трага исчезнал, но според други бил фатен од бугарскиот цар Калојан и ја дочекал својата смрт во неа.[1][2]
Во 1848 година врз сочуваните долни делови од кулата, дреновските мајстори хаџи Пенко Тулешков (се преселил во градот после Велчовата завера во којашто учествувал како заколнат и бил избран за илјадит) и брат му Гено, тие надградиле просторија со масивна купола, реконструирајќи ја за чување на барут.
Современата кула е обновена во 1933 година по проект на архитектот Александар Рашенов по сличност на запазената средновековна кула од крепоста Червен која се наоѓа близу до Русе.
Галерија
уреди-
Карпата со кулата
-
Поглед од Јантра
-
Местоположба на кулата во средновековниот град