Бадемоока еребија

Бадемоока еребија
Горна страна
Женка, долна страна
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Lepidoptera
Семејство: Шаренци
Род: Erebia
Вид: E. alberganus
Научен назив
Erebia alberganus
(Prunner, 1798)[1]

Бадемооката еребија (Erebia alberganus) е пеперуга од видот на шарени пеперуги.

Подвидови

уреди
  • Erebia alberganus alberganus (Prunner, 1798)
  • Erebia alberganus phorcys (Freyer, 1836))[1][2]

Животна средина

уреди

Овие пеперуги живеат во Франција, Италија, Швајцарија, Австрија и одредени предели на Балканот, меѓу кои и во Македонија. Овие пеперуги сакаат цветни долини, тревни површини и предели на надморска висина од 1000 до 2200 метри.[3][4]

Опис

уреди

Овој вид на пеперутка има распон на крилја од 40 мм. Овие спаѓаат во групата на мали пеперутки. Горната страна на крилјата е темнокафена со серија на портокалови дамки покрај рабовите. Во портокаловите дамки има црни окца со бела зеница. Горната и долната страна се исти.[3][5] Женките најчесто се малку поголеми и малку посветли.[6]

Биологија

уреди

Гасениците се хранат со растенијата Gramineae, Poa annua, Festuca ovina и (Anthoxanthum odoratum).[2] Тие хибернираат кога се полу пораснати. Следната пролет стаоува фазата кукла.[1][4] Возрасните единки летаат од срединатѕа на јуни до август.[2][3]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 "Erebia Dalman, 1816" at Markku Savela's Lepidoptera and Some Other Life Forms
  2. 2,0 2,1 2,2 Guide des papillons d'Europe et d'Afrique du Nord de Tom Tolman, Richard Lewington, éditions Delachaux et Niestlé, 1998 - (ISBN 2603011146)
  3. 3,0 3,1 3,2 Almond Eyed Ringlet, European Butterflies
  4. 4,0 4,1 IUCN
  5. Butterflies and Moths – A Photographic Guide to British and European Butterflies and Moths
  6. Butterflies of France

Надворешни врски

уреди