Багремов мед
Багремов мед (од бел багрем) спаѓа во најдобрите врсти мед, има пријатен и продорен мирис. Заради големата количина на левулоза, неговата кристализација е доста бавна, долго останува во течна состојба и како таков е проѕирен, и ако се стави во широка стаклена тегла, изгледа малку матен. При кристализација (зашеќерување) станува бел, ситнозрнест, потсетува на снег. Багремовиот мед содржи 40,35% левулоза и 35,98% гликоза. Од нектарот собран од еден хектар миризливи цветови на бел багрем, пчелите создаваат 1.700 килограми мед, па и повеќе. Постојат податоци дека со едно дрво на бел багрем, силно пчелино друштво може да произведе до 8 килограми мед.
Медот од цветовите на жолт багрем е доста светол со пријатен вкус, но слаб мирис. При кристализација станува среднозрнаст, со бела боја. Со еден хектар на процветан багрем, пчелите работнички создаваат во специјално погодни услови 350 килограми висококвалитетен мед.
Оваа статија храната е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |