„Багзи Малоун“ (англиски: Bugsy Malone) – филм на режисерот Алан Паркер (Alan Parker) од 1976 година. Паркер е автор и на сценариото, а главните улоги ги играат: Џоди Фостер, Скот Бајо и Флори Дагер. Карактеристично за овој филм е тоа што сите улоги ги играат деца, а во вооружените пресметки, наместо со куршуми, противниците се гаѓаат со крем. Филмот освоил пет награди БАФТА, а покрај тоа имал номинации за наградите „Оскар“ и за „Златен глобус“.[1]

Синопсис

уреди

Дејствието на филмот се одвива во Њујорк за време на прохибицијата и во него се прикажува подемот на гангстерот Багзи Малоун.

Наводи

уреди