Бабинов пат
Бабиновиот (руски: Бабиновская дорога) ― поранешен пат и долго време бил најкратката патека низ Урал. Водел од Соликамск до Верхотурје, а оттаму до Тоболск во Сибир. Го открил Артеми Бабинов во 1597 година и бил пробиен од шумите неколку години подоцна, заменувајќи ја сложената речна рута што била користена во 16 век. [1]
Токму изградбата на Бабиновиот пат ја овозможил руската колонизација во Сибир и огромниот територијален раст на Царството Русија во 17 век. Рутата очигледно се засновала на постоечка патека што ја користеле хантските и манските ловци.
Во 17 век, руските патници во Сибир минувале низ синџир од мали тврдини што го штителе патот од напади на домородните племиња.[2] Верхотурје, првата од овие тврдини, била изградена на нејзиниот источен крај во 1598 година.[3]
Бабиновиот пат останал единствениот практичен пат од Европа до Сибир до изградбата на Големиот сибирски пат во 1735 година.[4]
Наводи
уреди- ↑ Great Soviet Encyclopaedia
- ↑ s:ru:ЭСБЕ/Бабиновская дорога
- ↑ Редакция журнала Наука и жизнь (14 декември 2004). „Первая Сухопутная Дорога В Сибирь | Наука И Жизнь“. Nkj.ru. Посетено на 6 октомври 2022.
- ↑ „ПУТЬ В СИБИРЬ - Дорога, создавшая Россию“. Ikz.ru. Архивирано од изворникот на 28 јануари 2014. Посетено на 6 октомври 2022.