Баба Мразица со задача

Баба Мразица со задача (англиски: Finding Mrs. Claus) е американски филм од 2012 година, во режија на Марк Жан. Главните улоги ги толкуваат: Мира Сорвино, Вил Сасо и Лаура Вандервурт.

Содржина уреди

Баба Мразица (ја игра Сорвино) се чувствува занемарена од страна на својот мрзелив сопруг, па одлучува да оди во Лас Вегас за да му помогне на едно девојче, кое има голема желба за Божиќ. Но, Дедо Мраз (го игра Сасо) дознава за задачата на својата сопруга, па тргнува кон Градот на гревовите. Меѓутоа, нему не му оди сè според планот, така што Божиќ е во опасност.[1] [2]

Наводи уреди

  1. Антена, број 861, 26.12.2014, стр. 26.
  2. Антена, број 862, 2.1.2015, стр. 20.