Ања Цревар
Ања Цревар (родена на 24 мај 2000 година) е српска пливачка и членка на клубот Натасион Фуенсанта (UCAM Natación Fuensanta).
Ања Цревар | |
---|---|
Лични информации | |
Националност | Србија |
Роден на | 24 мај 2000 |
Роден во | Панчево, Југославија |
Спорт | |
Дисциплини | Мешано, пеперутка, слободен стил, грбно |
Клуб | Клуб Натасион Фуенсанта |
Таа го освоила бронзениот медал на Европските игри во 2015 година, кои служеле како Европско јуниорско првенство, во мешан стил на 400 метри и постигнала нов национален рекорд. На Светското првенство за јуниори 2015 година одржано во Сингапур, на 15-годишна возраст, таа го освоила 5-тото место во финалето постигнувајќи нов национален рекорд на 400 метри мешано, со што исто така било постигнато време за клафикација на олимписки игри. Затоа, таа ја претставувала Србија на Олимписките игри во 2016 година.[1]
Во октомври 2018 година, го освоила сребрениот медал на 200 метри поединечно за девојки на Младинските олимписки игри 2018 во Буенос Аирес, Аргентина, зад освојувачката на златниот медал Анастасија Горбенко од Израел.[2] Во февруари 2024 година, Цревар била пласирана на 4-то место на 400 метри поединечно мешано за жени на Светското првенство во водени спортови во 2024 година.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Anji lični, državni rekord i norma za Rio!“ [Personal and national record for Anja and Olympic standard for Rio!] (српски). B92. 25 August 2015. Посетено на 25 August 2015.
- ↑ "Israeli 15-year old swimmer wins gold in Youth Olympic Games," Архивирано на 24 јули 2019 г. Haaretz.
- ↑ https://rtv.rs/sr_lat/sport/individualni-sportovi/srpska-plivacica-anja-crevar-osvojila-cetvrto-mesto-na-svetskom-prvenstvu-na-400-metara-mesovito_1517511.html