„Ај, Кармела!“ (шпански: Ay, Carmela!) — филм од 1990 година, режиран од Карлос Саура (Carlos Saura), кој е автор и на сценариото, заедно со Рафаел Аскона (Rafael Azcona). Филмот е снимен врз основа на истоимената драма на Хосе Санчис Синистера (José Sanchís Sinisterra). Главните улоги ги играат: Кармен Маура (Carmen Maura), Андрес Пахарес (Andrés Pajares) и Габино Диего (Gabino Diego). Филмот ги освоил Европските филмски награди за најдобар филм и за најдобра глумица (Маура), а исто така, ја освоил наградата „Гоја“ во неколку категории: најдобар режисер, најдобра главна женска улога, најдобра машка главна улога, најдобра споредна машка улога, најдобро адаптирано сценарио итн.[1].

Синопсис

уреди

Во текот на Шпанската граѓанска војна, Кармела (ја игра Маура) и Паулино (го игра Пахарес) работат како забавувачи. Заедно со својто нем соработник Густавете (го игра Диего), тие патуваат низ Шпанија настапувајќи пред републиканската војска. Тие се големи патриоти така што запаѓаат во голема опасност кога ги заробуваат војниците на Франко. Сепак, наместо да ги погубат, тие ги присилуваат заробениците да настапат пред монархистичката војска. За да се спасат, забавувачите се принудени да послушаат...

Наводи

уреди