Ајнару (општина)
Ајнару (португалски: Município Ainaro, тетум: Munisípiu Ainaru) — една од 13-те општини на Источен Тимор, во југозападниот дел на земјата. Има население од 63 136 жители (попис 2015 година) и површина од 804 км².[1] Нејзин главен град е градот Ајнару, мал планински град.
Ајнару Ainaro | ||
---|---|---|
Општина | ||
Село Маубисе | ||
Мапа на Источен Тимор, истакнувајќи ја општината Ајнару | ||
Држава | Источен Тимор | |
Главен град | Ајнару | |
Површина | ||
• Вкупна | 804 км2 (310 ми2) | |
Население | ||
• Вкупно | 63 136 | |
• Густина | 79/км2 (200/ми2) | |
Час. појас | UTC+9 (UTC+9) | |
ИЧР (2017) | 0.560 medium |
Етимологија
уредиЗборот Ainaro е португалска апроксимација на локалниот збор Ainaru на тетумскиот јазик, што значи „високо дрво“.
Историја
уредиАјнару имаше важна улога за време на бруталната индонезиска окупација на Источен Тимор, обезбедувајќи засолниште за герилската армија на отпорот на Источен Тимор. Поранешниот герилски лидер и сегашен претседател, Xанана Гусмао, помина многу години насочувајќи го отпорот од Ајнару.
Географија
уредиАјнару има големо изобилство на реки и плоден терен за земјоделство. Има крајбрежна област, на Тиморското Море, но исто така и планински зони, вклучително и највисоката точка во Источен Тимор, планината Рамелау (2.960 м), позната и како Татамаилау, која се наоѓа во близина на границата со Ермера.
Границите на општината се идентични со истите во португалскиот Тимор.
Општината се граничи со Ајлеу на север, Мануфахи на југ, Кова Лима на југозапад, Бобонару на запад и Ермера на северозапад.[2]
Население
уредиЈазици
уредиПокрај официјалните јазици, тетумски и португалски јазик, голем број жители на Ајнаро зборуваат малезиски-полинезиски јазик Мамбаи.
Религија
уредиЖителите се најмногу католици, но има и значителен број на протестанти и муслимани кои живеат заедно.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис 2010“ (PDF).
- ↑ „Имиња на места Источен Тимор“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-02-14.