Ашик-паша Заде
Ашик-паша Заде (1400 - 1484)[1] ― најзначаен меѓу старите турски хроничари (историчари). Самиот себеси се именувал како дервиш Ахмед Ашики или само како Ашики.[2]
Ја напишал книгата „Историја на Османската династија“ (Tevārīḫ-i Āl-i ʿOsmān), позната и како „Историја на Ашик-паша Зеде“. Во неа се опишани настани заклучно со 908 година по хиџра (1502/3 година). Авторот пишувал врз основа на личното паметење на настаните во кои, посредно или непосредно и смаиот учествувал како и врз основа на она што други му раскажувале, а веројатно ползувал и некои пишани извори. Хрониката е напишана на говорен јазик на истанбулските Турци од 15 век.[2]
Наводи
уреди- ↑ Vasilʹev, Aleksandr Aleksandrovich (1936). The Goths in the Crimea (англиски). Mediaeval academy of America. ISBN 978-0-598-56998-1.
- ↑ 2,0 2,1 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 54. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help)