Ацо Гогов (24 ноември 1971, Струмица) — македонски писател, драматург и книжевен и театарски критичар.

Творештво

уреди

Ацо Гогов работи во Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица. Основно и средно образование завршил во родниот град. Дипломирал на Катедрата по општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Објавил три книги со куси раскази: „Географија на маленкоста“ (2009), „Триптихон“ (2017) и „Единствен матичен број“ (2012). Ја објавил книгата со театарски записи „Децата на Мнемосина“ во 2019 година. Во 2013 година бил застапен во првата антологија на македонската песна во проза, „Бденија и виденија“,[1] а три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[2] Во 2024 година ја објавил книгата есеи „Патот накај дома“.

Наводи

уреди
  1. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 361-362.
  2. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 207-210.