Атлас на ветровите

„Атлас на ветровите“ (српски: Атлас ветрова) — расказ на српскиот писател Милорад Павиќ. Првобитно, расказот е објавен во 1979 година, како дел од збирката „Руски 'рт“.

Содржина

уреди

На почетокот од расказот, авторот наведува дека низ историјата има примери на големи грешки кај морепловците, како што биле случаите на Јасон и Колумбо кои го погрешиле својот пат, но не ја признавале грешката и продолжиле понатаму. Потоа, тој наведува дека во родната куќа имале посебна книга, позната како „Атлас на ветровите“ која била еден вид прирачник за ветровите кои дуваат на Балканскиот Полуостров. Една зима, работејќи на некој ракопис, авторот забележал дека сите книги од неговата работна соба, вклучувајќи го и атласот, наеднаш летнале на небото. Пролетта, книгите се вратиле назад, но тој случајно открил дека некои реченици во неговите дела биле променети. Таа појава траела подолго време и постепено, речениците во неговите книги биле целосно изменети, иако насловите останале исти. По некое време се промениле и насловите, а најпосле, тој забележал дека се променило и името на авторот при што новото име биле Милорад Павиќ.[1]

Наводи

уреди
  1. Milorad Pavić, Ruski hrt i nove priče. Beograd: Književne novine, 1986, стр. 67-75.