Атаксична церебрална парализа
Атаксична церебрална парализа — тип на церебрална парализа којшто е забележан кај 5-10% од сите случаи на церебрална парализа, што го прави најреткиот тип на церебрална парализа. Атаксичната церебрална прализа е предизвикана од оштетување на структурите во малиот мозок, кое што се разликува од другите две типови на церебрална парализа, односно спастична церебрална парализа (оштетување на кортикални моторни области и бела маса) и атетоидна церебрална парализа (оштетување на базалните ганглии).
Атаксична церебрална парализа | |
---|---|
Малиот мозок (прикажан со црвено) е регионот на мозокот којшто е зафатен кај атаксичната церебрална парализа | |
Специјалност | Неврологија |
Функцијата на малиот мозок (церебелумот) е координирање на мускулните движења и рамнотежа, па поради негово оштетување, пациентите имаат проблеми со координацијата. Кај атаксичната церебрална парализа постои намалување на мускулниот тонус.[1]
Најчеста манифестација кај атаксичната церебрална парализа е акционен тремор, што е особено очигледен кога се вршат прецизни движења, како што се врзување на врвците од обувки или пишување со молив. Овој симптом прогресивно се влошува колку повеќе се прави движењето, предизвикувајќи рака да се треси. Како раката се приближува кон остварување на предвидената задача, треперењето се интензивира, што го прави уште потешко да се заврши.
Како и за сите форми на церебрална парализа, не постои „лек“ за атаксичната церебрална парализа, но постојат различни третмани кои заедно се користат за да ги ограничат негативните ефекти на болеста. Како и сите форми на церебрална, атаксичната церебрална парализа најчесто е вродена, каде произлегуваат од грешки во развојот на малиот мозок и конексините за време на бременоста. Сепак, тоа исто така е може да се стекне, поради менингитис, па дури и поради траума на главата, иако таа почесто доведува до една од многуте форми на трауматски повреди на мозокот, кои категорично не се блиски од церебрална парализа.
Знаци и симптоми
уредиПоради нарушената рамнотежа, пациентите кои страдаат од атаксична церебрална парализа често одат со своите нозе невообичаено раширени (широк од). Намалениот тонус на мускулите кај атаксична церебрална парализа предизвикува луѓето кои страдаат од болеста да изгледаат многу нестабилни. Деца со болеста најчесто му треба подолг временски период да бидат во можност да одат без поддршка, а над 50% од сите деца со атаксична церебрална парализа имаат некоја форма на попреченост во учење или пречки во говорот.
Болеста, без разлика дали произлегуваат од малформација на малиот мозок или негова повреда, резултира со некомплетен развој на малиот мозок и сите се зафатени на различен начин. Во принцип, церебралната парализа е физикално оштетување што влијае на држењето на телот и развојот на движењата. Атаксичната церебрална парализа особено се манифестира движења со абнормални сила, ритам, и точност.[2] Пациентите имаат хипотонија (намален тонус на мускулите), знаци на атаксија (загуба на целосна контрола на движењата), нарушена рамнотежа и координација, активни тремори, и широк од.
Развојот на мозокот обично се случува во првите две години од животот кога детето се стекнување со нови моторни и адаптивни вештини, па следствено на тоа знаците и симптомите на атаксична церебрална парализа почнува да се манифестира во текот на овој период. Обично пациентите не успеваат да достигнат до моторни подобрувања, и да покажат квалитативна разлика во моторниот развој. Во текот на неонаталниот период (првите 28 дена од животот), кај децата се забележува летаргичност, релативно имобилизирани, и слаби. Покрај тоа, хипотонијата е најизразена во текот на овој период, иако тонус на мускулите се зголемува со возраста, никогаш не се достигнуваат нормални нивоа. Екстремитетите покажуваат слабост, неспособноста за координација во самоволно движење, дисдијадохокинеза (неможноста да се изврши брзо наизменични движења).
Причини
уредиОколу 2-2.5 на 1000 деца, се со церебрална парализа, со зголемување на инциденцата кај близнаци и предвремено родените деца. Атаксична церебрална парализа е 5 до 10% од сите случаи. Причината за атаксичниот поттип е непознат, но се смета дека се должи на оштетувањата кај фетусот или оштетување во малиот мозок и голем број врски во него. Иако, поголемиот дел од случаите кај кои се присутни оштетувањата кај фетусот на малиот мозок се вродени, сепак постојат и стекната атаксична церебрална парализа од менингитис, траума, компликации при раѓање, и енцефалопатии (септички, акутна, дисеминирани, и токсични). Исто така, вирусни инфекции од мајката може да предизвикаат оштетување на мозокот на фетусот поради зголемување на воспалителните цитокини произведени во текот на инфекцијата. Мозочна повреда може да настане за време на пренатален, перинаталниот, или постнатален период. Повеќето случаи на церебрална парализа, околу 80%, се стекунваат пренатално од непознати причини. Инциденцата се зголемува со намалување на гестациски период, односно помалку од 32 недели на гестација и раѓање со телесната тежина помала од 2500g.
Наводи
уреди- ↑ Straub, Kathryn.; Obrzut, John E. (2009). „Effects of cerebral palsy on neurophsyological function“. Journal of Developmental and Physical Disabilities. 21 (2): 153–167. doi:10.1007/s10882-009-9130-3.
- ↑ O’Shea, TM (2008). „Diagnosis, Treatment, and Prevention of Cerebral Palsy“. Clinical Obstet Gynecol. 51 (4): 816–28. doi:10.1097/GRF.0b013e3181870ba7. PMC 3051278. PMID 18981805.