Асуман Оздаглар
Асуман „Асу“ Оздаглар (родена на 16 декември 1974 година) е турски академик .[2][3]
Асуман Оздаглар | |
---|---|
Роден(а) | 16 декември 1974[1] |
Националност | турски, американски[1] |
Полиња | Инженер по електроника |
Установи | Институт за технологија во Масачусетс |
Образование | Технички универзитет на Блискиот Исток (БА) Технолошки институт во Масачусетс (Д-р) |
Познат по | EECS Department head at MIT |
Сопружник | Дарон Ачемоглу |
Страница | |
asu.mit.edu |
Раниот живот
уредиТаа е родена во семејството на Исмаил Оздаглар и Захиде Оздаглар на 16 декември 1974 година.[4] Нејзиниот татко Исмаил Оздаглар бил поранешен државен министер, помеѓу 13 декември 1983 и 15 јануари 1985 година во 45-та влада на Турција,[5] каде бил осуден и затворен за злоупотреба на министерските овластувања.[6]
Кариера
уредиТаа студирала на отсекот за електротехника на Техничкиот универзитет на Блискиот Исток (METU) во Анкара и дипломирала во 1996 година. Потоа ги продолжила студиите на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) во САД и докторирала во 2003 година [7] Работела како доцент (2003), вонреден професор (2008) и професор (2012) на истиот универзитет. Нејзините истражувачки области вклучувале нелинеарна и конвексна оптимизација, теорија на игри, социјални и економски мрежи, методи за дистрибуирана оптимизација и оптимизација и контрола на мрежата.[7] Во 2017 година, таа била именувана за нов шеф на Одделот за електротехника и компјутерски науки (EECS) на МИТ. Нејзината претходничка Ананта Чандракасан за нејзе кажала : „Професорката Оздаглар е инспиративен истражувач и се појави како вистински лидер во областа на теоријата и алгоритмите за оптимизација, теоријата на игри и мрежите“. [8] Нејзината работа, исто така, придонела за проучување на адаптивната динамика на теоријата на игри и вовела алтернативни пристапи кон мрежните игри.
Личен живот
уредиАсуман Оздаглар е во брак со економистот Дарон Ачемоглу .