Астигматизам — честа состојба на видот што предизвикува заматен или искривен вид.[1] За разлика од другите проблеми со видот, како што се кратковидоста или далекувидоста, кои произлегуваат од тоа што очното јаболко е премногу долго или премногу кратко, астигматизмот се јавува кога рожницата или леќата на окото се со неправилен облик. Кај правилно обликувано око, леќата или рожницата на окото имаат целосно заоблен облик како на топка. Кај луѓето што имаат астигматизам овие две очни компоненти имаат неправилен, јајчест облик. Затоа светлосните зраци не се прекршуваат правилно на мрежницата. Оваа нерамна кривина предизвикува светлината да се прекршува нееднакво, што доведува до заматен или искривен вид на сите растојанија.[2]

Астигматизам
Вид со астигматизам
СпецијалностОфталмологија, оптометрија
Симптомиискривен или заматен вид на сите растојанија, напрегање на очите, главоболки[1]
Компликацииамблиопија
Причинителинејасно
Дијагностички методочен преглед[1]
Лекувањеочила, контактни леќи, хирургија[1]
Честота30 % до 60 % од возрасните (Европа, Азија)

Луѓето со астигматизам можат да доживеат симптоми како што се главоболки, напрегање на очите и потешкотии со јасното гледање како одблиску, така и оддалеку. За среќа, астигматизмот може да се поправи со очила, контактни леќи или рефрактивна хирургија.[3]

Лекување

уреди
  • Најчесто се носат очила што имаат цилиндрични стакла (овие стакла изгледаат исто како и сите други, но имаат различна диоптрија под различни агли, кои вашиот лекар ќе ги напише на рецептата)
  • Се носат контактни леќи што се наменети за луѓе со астигматизам
  • Со ласерско отстранување

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Facts About Astigmatism“. National Eye Institute. National Institutes of Health. Архивирано од изворникот на 2 October 2016. Посетено на 16 June 2019.
  2. „Астигматизам“. Оптика ММ. Посетено на 2024-06-01.
  3. Петров, Марио (2018-10-01). „Што е астигматизам? — Оптометрија.мк“. Посетено на 2024-06-01.

Надворешни врски

уреди