Асансјор (на турски значи „лифт“, изведен од францускиот збор ascenseur) — историска зграда во квартот Караташ во Измир, во границите на градската област Конак. Лифтот бил изграден во 1907 година како јавна услуга од богатиот еврејски банкар и трговец од тој период, Несим Леви Бајраклиоглу, со цел да се олесни преминот од тесниот брег на Караташ до ридот, а лифтот во зградата служи за превоз на луѓе и стока низ стрмната карпа помеѓу двата дела на квартот.

Асансјор во Конак, Измир
Набљудувачката тераса на Асансјор

Со текот на времето, малата улица што водела до зградата станала позната под истото име, улица Асансјор (Асансјор Сокаги). Во 1940-тите, еден од жителите на улицата бил пејачот Дарио Морено, кој подоцна ја достигнал својата слава.

Неодамна била обновена и оттогаш станала една од знаменитостите на Измир. Улицата била преименувана во улица „Дарио Морено“ во спомен на пејачот.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди