Археологија на ромскиот народ

Археологијата на ромскиот народ се однесува на науката за археологија, применета во однос на ромскиот народ, етничка група распрскана низ целиот свет, која е позната под неколку различни имиња. Ромскиот народ има долга историја и најверојатно потекнува од индискиот потконтинент. Во текот на историјата, разновидното ромско население се соочило со значителен прогон - антициганство - во многу делови на светот, ситуација која и денес продолжува да се случува.

Знаме на Ромите

Историја и статус

уреди

Поради честиот статус на „аутсајдери“ на ромските граѓани во однос на главното општество и поради постојаниот статус на малцинство, немањето каква било форма на национална држава поради што се соочуваат со структурна пристрасност и занемарување од страна на многу национални, регионални и локални власти и влади, честопати многу малку се истражувала историјата на Ромите и нивната култура или пак воопшто немало такво истражување. Во поново време, дури и кога ова прашање постепено се решавало во некои области, областа на ромската археологија останува да биде практично неистражена. На пример, истакнатиот унгарски археолог Естер Банфи (де), директор на Ромско-германската комисија на германскиот археолошки институт, напишала дека во целата источна Европа по ерата на Студената војна, таа не пронашла ниту еден археолог од ромско потекло, ниту некој што е заинтересиран за истражување, ниту пак некој кој врши ископување на можни ромски археолошки наоѓалишта.[1]

Додека францускиот социолог Жан-Пјер Лиежоа (fr), директор на Циганскиот истражувачки центар, тврди дека поради нивниот често мобилен начин на живеење и честата општествена дискриминација, Ромите не оставиле зад себе такви археолошки места,[2] сепак се реализирале некои ограничени теренски истражувања и ископувања на наоѓалишта поврзани со Ромите.

Скандинавија

уреди
 
Ископани темели на згради во Снарсмон, Шведска, 2009 година.

Ова е особено случај во Шведска и Норвешка, каде норвешките и шведските Роми пристигнаа во почетокот на 16 век. На две локации особено се реализираа неколку фази на ископување, а третиот проект за ископување започна во 2015 година. Едниот е Снарсмон (исто пејоративно наречен Татарштаден, што приближно значи Цигански град), ромско село близу до границата со Норвешка во општина Танум, кое било активно како светилиште од 1860-тите до првите години на 20-от век. Истражувањата започнаа во 2003 година, со годишни истражувања кои се спроведуваа од 2004 до 2007 година. Спроведено во стилот на археологија во заедницата, учесниците - освен професионалните археолози - вклучуваа и локални жители со неромско потекло, како и членови од неколку организации за Роми и едно ромско културно здружение.[3] Еден од резултатите на овој проект беше поставувањето на првата шведска музејска изложба за историјата на Ромите-патници, сместена во градот Удевала, на која беа прикажани дел од предметите пронајдени за време на ископувањата.[4]

Вториот шведски локалитет е Крамарштаден (грубо преведено, Гратче на трговци-измамниви), кое е исто така ромско село, кое се наоѓа во близина на Финеродја во Општина Лакса. Селото е основано во првите години на 20 век, а напуштено во почетокот на 1920-тите. Главните истражувања започнале истовремено со оние во Снарсмон, со две фази на археолошки истражувања во 2013 и 2014 година, во кои, исто како и во претходниот проект, биле вклучени професионални археолози и други научници, локални жители и шведски Роми-патници.[5][6]

Во август 2015 година, започнаа ископувањата на ромскиот камп надвор од Стокхолм, во Скарпнак. Кампот е изграден во 1959 година од страна на шведската држава како привремено решение, сè додека да се обезбедат станови за Ромите на кои штотуку им биле дадени целосни граѓански права (а со тоа и право на домување). Кампот потоа стана постојан поради оддолжување на административниот процес, а неговите жители - околу триесет лица - живееја во шатори, камп приколки и две изградени колиби, изложени на секакви временски услови. Двегодишниот проект, насловен I stadens utkant ( На рабовите на градот), е делумно финансиран од Шведскиот одбор за национално наследство и претставува кооперативен проект помеѓу Шведскиот историски музеј, културното здружение Е Романи глинда (Огледало на Ромите), Мултикултурниот центар во Боткирка и Фондацијата за управување со културна средина. Нивните активности резултираа со книга и извештај за ископувањето, покрај одредените наоди кои се дел од изложбата „Историја на Шведска“ во Шведскиот историски музеј.[7][8]

Во Шведска, како и во Норвешка, има и неколку други археолошки наоѓалишта кои припаѓаат на ромскиот народ и на скандинавските Роми-патници, од кои дел беа истражени и мапирани во проектот за транснационалната скандинавска мапа на Ромите-патници. Една од нив, Татардален (Циганска долина) во општината Кунгалв, е руинирана фарма која датира од 1600-тите и која е најстарата скандинавска локација поврзана со Ромите-патници.[9]

Чешка

уреди

Археолошките истражувања на местото на ромскиот концентрационен логор во Чешка се реализираа од 2017 година. По Втората светска војна, локацијата сместена во Лети и Писку беше претворена во фарма за свињи. Фармата неодамна беше затворена и се работи на претворање на комплексот во музеј. Со археолошките истражувања на ова место се откриле градежни материјали како што се шајки и рачки на вратите, како и монистри и копчиња кои можеби им припаѓале на затворениците кои биле затворени на тоа место. Со претстојните ископувања ќе се направат обиди да се лоцираат местата за погребување во кампот.[10]

На друго место

уреди

Друг пример за можна археолошка локација поврзана со Ромите е ископувањето на „Пештерата на Керд“ во јуни 2010 година во Розмарки, Шкотска, место каде што се населени шкотските Цигани и Роми-патници.[11] Покрај археологијата која е директно поврзана со ромските наоѓалишта, има и определени реализирани истражувања во врска со археогенетиката и „јазичната археологија“[12] на ромскиот народ. Пример за ова е откривањето на скелет на англосаксонските гробишта под замокот Норич во Норфолк, кој - како што објави Советот за британска археологија - бил генетски идентификуван како можен Ром.[13]

Поврзано

уреди
  • Современа археологија
  • Етноархеологија
  • Времеплов на историјата на Ромите

Наводи

уреди

 

  1. Bánffy, Eszter (15 December 2012). „The Nonexisting Roma Archaeology and the Nonexisting Roma Archaeologists“. Во Biehl, Peter F.; Prescott, Christopher (уред.). Heritage in the Context of Globalization: Europe and the Americas. New York City: Springer Science+Business Media. стр. 79. ISBN 978-1-4614-6077-0. Посетено на 6 February 2015.
  2. Liégeois, Jean-Pierre (1 January 1994). „Lifestyle and Identity“. Roma, Gypsies, Travellers. Strasbourg: Council of Europe. стр. 111. ISBN 978-92-871-2349-7. Посетено на 6 February 2015.
  3. Lindholm, Kristina (2012). „Arkeologiska utgrävningar på Snarsmon“. Во Andersson, Bodil (уред.). Snarsmon – resandebyn där vägar möts. Uddevalla: Bohusläns museum. стр. 78. ISBN 978-91-7686-247-6.
  4. Andersson, Birgitta (23 March 2012). „Resandefolket får egen utställning“. P4 Väst. Uddevalla. Посетено на 6 February 2015.
  5. Sannerstedt, Helen (2011). „Krämarstaden – plats och berättelse“ (PDF). www.lansstyrelsen.se. Örebro läns museum. Архивирано од изворникот (PDF) на 6 February 2015. Посетено на 6 February 2015.
  6. Mattsson, Jesper (11 October 2013). „Här grävs resandefolkets historia fram“. Sveriges Television. Stockholm. Архивирано од изворникот на 6 February 2015. Посетено на 6 February 2015.
  7. Kandi, Layla (8 April 2015). „Nytt projekt lyfter fram svensk-romernas förlorade kulturarv“. Sveriges Radio. Посетено на 5 October 2015.
  8. Tottmar, Mia (27 August 2015). „Här berättas en saknad del av Sveriges romska historia“. Dagens Nyheter. Посетено на 5 October 2015.
  9. „Resandefolkets kulturminnen på kartan“. www.bohuslansmuseum.se. Bohusläns museum. Архивирано од изворникот на 6 February 2015. Посетено на 6 February 2015.
  10. „Map“. www.romea.cz.
  11. Anderson‐Whymark, Hugo (2011). „Excavations at Caird's Cave, Rosemarkie, 2010: Data Structure Report“ (PDF). www.her.highland.gov.uk. Highland Council. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 6 February 2015.
  12. Bakker, Peter; Monrad, Astrid (2011). „Roma: linguistic archaeology of nomads“ (PDF). AmS-Varia. Arkeologisk museum i Stavanger (53): 35–44. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-02-06. Посетено на 6 February 2015.
  13. „DNA surprise: Romani in England 400 years too early“. British Archaeology. Council for British Archaeology (89). 2008. Архивирано од изворникот на 23 September 2015. Посетено на 4 February 2015.