Аруп Чатерџи (Aroup Chatterjee) е роден во Калкута, Индија. Чатерџи по професија е лекар, работи во Англија. Автор е на книгата Мајка Тереза: Конечна пресуда (Mother Teresa: The Final Verdict) која го поставува под прашалник правото на слава за Мајка Тереза како симбол на несебчиното служење.

Тој ја обвини Мајка Тереза за неправедно оштетување на репутацијата на градот Калкута. Во неговата книга, Чатерџи тврди дека Мајка Тереза ја преувеличи службата која таа ја правеше меѓу сиромашните, дека не ги искористи правилно мошне огромните суми на пари кои ѝ беа донирани за помагање на сиромашните и дека медицинската нега давана во објектите раководени од страна на Сестрите на Милосрдието беше крајно неадекватна.

Чатерџиевите критички забелешки го инспирираа документарецот насловен како „Ангел на пеколот„ кој беше прикажан на Channel 4, на британскиот телевизиски канал. Документарецот беше напишан од добро познатиот критичар на Мајка Тереза Кристофер Хиченс, во ко-продукција со Тарик Али. Чатерџи и Хиченс беа единствените двајца официјални негодувачки сведоци на процедурата за беатификација на Мајка Тереза одржана од страна на римо-католичката црква во 2003.

Приватен живот

уреди

Женет е со Зелфа Китлер, специјалист по психијатрија. Татко е на две деца.

Надворешни врски

уреди