Артилериска бригада на четириесет и втората дивизија

Прва артилериска бригада на четириесет и втората дивизија на НОВ — бригада на НОБ во Македонија. Таа е една од неколкуте артилериски бригади кои оперирале на територијата на Македонија за време на НОВ.[1]

Артилериска бригада на 42 дивизија
Активна18 февруари 1945
ЗемјаМакедонија
Видартилерија
БиткиЗавршни операции за ослободување на Македонија

Историјат

уреди

Првата артилериска бригада на 42 дивизија е создадена на 18 февруари 1945 година. Бригадата произлегла од Вториот дивизион на Првата артилериска бригада и била формирана во Наставниот центар бр. 6 на Скопското кале. Оваа бригада настала по расформирањето на Првата артилериска бригада бидејќи истата учествувала на божиќните простести.[1]

Командант на оваа бригада бил Георги Сапунџиев, на функција бил од 18 февриари до март 1945 година, а потоа го заменил Стево Златар. Политички комесар на бригадата до март бил Бранко Богдански, а после март бил Петко Лаковиќ, а негов заменик бил самиот Бранко Богдански. Од 16 февруари до март началник на штабот бил Стојан Хаџи Василевски, а после март бил Светослав Мирчев.[1]

Формациски бригадата била дел од 42 дивизија во составот на 15 корпус, кој пак бил на Сремскиот фронт. На 20 февруари ГШ на АВНОЈ дала наредба Корпусот и неговите единици да одат на Сремскиот фронт. На 23 февруари бригадата пристигнала во Врање, а на 2 март била во Белград. Тогаш имала 1270 борци, 200 коњи и 35 запрежни коли. Во Белград добила ново советско оружје и започнала обука и спремање за борба. Тогаш вооружувањето било 4 хаубици 122 мм, 4 топа од 76 км, 20 противтенковски топа од 45 мм, 8 противтенковски топа ЗИС од 76 мм, 12 минофрлачи од 120 мм и 50 минофрлачи од 82 мм. За време на Сремскиот фронт, само 3 погинале. [1]


Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. ​153-154

Поврзано

уреди