Артемушкин и Скопје

книга за архитектура

Артемушкин и Скопје (целосно наслов: Артемушкин и Скопје: архитектонско творештво меѓу двете светски војни) — книга посветена за плодната работа на рускиот архитект Иван Артемушкин во Скопје меѓу двете светски војни, односно во времето на постоењето на Кралството Југославија, периодот меѓу 1920 и 1940 година.[1]

Артемушкин и Скопје
Корицата од двете страни на книгата
АвторНоеми Чаусидис и Мартин Ефремовски
Изворен насловАртемушкин и Скопје: архитектонско творештво меѓу двете светски војни
ПреведувачАлександра Кујунџиска
ИлустраторДимо Попчев, Борис Јурмовски и Александар Балдазарски
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски и англиски
ИздавачНоеми Чаусидис и Мартин Ефремовски
Издадена
23 ноември 2024
Медиумпечатено издание
Страници270

Книгата била промовирана на 23 ноември 2024 година како дел од прославата на архитектонскиот портал МАРХ, кој одбележал 10 години постоење.

Содржина

уреди

Самата книга е поделена на два главни дела и анекс:

  • историски контекст каде се анализира архивската документација и оригиналната состојба на објектите, како и урбанистичкиот контекст на Скопје до времето на земјотресот;
  • современ контекст каде се прикажани истражувања на постоечките објекти, документација за нивната моментална состојба (2024 г.) и современиот контекст на Скопје; и
  • анекс каде има преглед на информациите за самото истражување.

Во книгата е даден само одбран дел од списокот на објекти кои рускиот архитект Иван Артемушкин ги изработил во Скопје, меѓу кои и неколку од познатите палати, како што се:

  • Станбена зграда на д-р Рубен (1927);
  • Станбена зграда на браќа Читкушеви (1931);
  • Објект Браќа Бојаџијевиќ (1931);
  • Објект Бојаџиј Ан Хавсеп (1931);
  • Објект Зеќирија Шохрет (1935); и
  • Станбен објект на Агат Дикаџијан или многу попознатата Арапска куќа (1937).

Наводи

уреди
  1. „Артемушкин и Скопје / Чаусидис, Ефремовски“. МАРХ. Посетено на 2024-12-08.

Надворешни врски

уреди