Арсланагов мост
Арсланагов мост (српски: Арсланагића мост) или Перовиќев Мост (Перовића мост) — мост на реката Требишница во Требиње, Република Српска, Босна и Херцеговина. Мостот е на списокот на културно наследство на Република Српска.[1] Мостот се наоѓа на патот кој ги поврзува Дубровник и Херцег Нови.[2]
Историја
уредиСпоред општоприфатеното мислење, мостот е изграден по налог на големиот везир Мехмед-паша Соколовиќ во 1574. Името на мостот е според Арслан-ага, Турчин кој во 1687 година дошол во Херцег Нови и добил посед источно од Требиње со право да наплаќа мостарина.[3]
Во 1944 година, на крајот на Втората светска војна, четниците пробале да го раѕурнат мостот. За време на минирањето раѕурнато е левото крило во должина од 8 метри, а по војната е санирано.
По изградата на хидроелектраната и езерото во 1965 година, мостот е преместен. По војната во Босна и Херцеговина, во 1993 година, градските власти го прекрстиле мостот во Перовиќев мост, бидејќи се верува дека семејството на Арслан-ага пред да се исламизира се презивало Перовиќ.
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ Измјена и допуна просторног плана Републике Српске до 2025 (PDF). Бања Лука: Министарство за просторно уређење, грађевинарство и екологију. 2015. стр. 349.
- ↑ Мостови у БиХ.
- ↑ „Културно-историјски споменици“. Туристичка организација Требиње. Архивирано од изворникот на 2016-10-30. Посетено на 24 септември 2016.
Литература
уреди- СР Босне и Херцеговине, Завод за заштиту споменика културе (1960). Наше старине, томови 7-9. Сарајево: Завод за заштиту споменика културе СР Босне и Херцеговине.
- Кораћ, Војислав (1971). Требиње: историјски преглед — том 2, издање 2. Требиње: Завичајни музеј.
Оваа статија поврзана со Босна и Херцеговина е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |