Аритметичка прогресија
Аритметичка прогресија или низа е таква низа на броеви каде разликата меѓу секој член и членот пред него е постојана.
Поединечните броеви од низата се викаат нејзини членови, а постојаната разлика (број) е разлика или диференција на аритметичката низа. На пример, низата 3, 9, 15, 21, 27, 33... е аритметичка прогресија со постојана разлика 6.
Ако како ознака за првиот член воведеме ознака а1, а за другите а2, a3 итн., и за разликата ознака d, тогаш врз основа на дефиницијата за аритметичка прогресија следува дека:
а2 = a1 + d
а3 = a2 + d = a1 + 2d
a4 = a3 + d = a1 + 3d
.
.
.
аn = an - 1 + d = a1 + (n - 1) d (општа формула за пресметување на n-тиот член од низата)
Средниот член на три последователни броеви од аритметичката прогресија (низа) е еднаков на аритметичката средина на соседните два члена.
Оваа статија од областа на математиката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |