Аристотелов корморан
- a0b0ff"
- a0b0ff"
Аристотелов корморан | |
---|---|
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
| |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Пеликановидни |
Семејство: | Phalacrocoracidae |
Род: | Phalacrocorax |
Вид: | P. aristotelis |
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
| |
Phalacrocorax aristotelis (Linnaeus, 1761) |
Аристотеловиот корморан (Phalacrocorax aristotelis) е вид на корморан. Се размножува на карпестите брегови на западна и јужна Европа, југозападна Азија и северна Африка, а најчесто презимува во рамките на териториите каде се размножува, освен најсеверните популации од оваа птица.
Ова е средноголема црна птица, долга 68–78 cm и со распон на крилјата од 95–110 cm. Има долга опашка и жолта дамка на грлото. Возрасните поседуваат мала качулка во сезоната на размножување. Се разликува од големиот корморан по тоа што е помал, полесен, има потенок клун и (кај возрасните единки во период на размножување) по качулката и металик-зелениот одблесок на пердувите. Младите единки поседуваат потемен стомак. Опашката има 12 пердуви, а таа на големиот корморан 14.
Се храни од морето, и, за разлика од големиот корморан, ретко се наоѓа повнатре на копното. Ќе презими на секој брег каде има доволни количества риба.
Аристотеловиот корморан е еден од кормораните кои најдлабоко нуркаат (до 45 метри). Тие се исхрануваат со бентосни организми, односно го наоѓаат пленот на морското дно. Јадат многу видови на риби, но нивен најчест плен е песочната јагула. Би пропатувале многу километри од местото на живеење во потрага по храна.
Подвидови
уредиПостојат три подвидови:
- Phalacrocorax aristotelis aristotelis - северозападна Европа (бреговите на Атлантски Океан)
- Phalacrocorax aristotelis desmarestii - јужна Европа, југозападна Азија (бреговите на Средоземно Море и Црно Море)
- Phalacrocorax aristotelis riggenbachi - бреговите на северозападна Африка.
Надворешни врски
уреди„Аристотелов корморан“ на Ризницата ? |
- European Shag Phalacrocorax aristotelis Архивирано на 8 февруари 2008 г. Joint Nature Conservation Committee, www.jncc.gov.uk.
- Phalacrocorax aristotelis Stamps