Аристотелова етика

Етиката како засебен предмет на умствено иследување зазема голем дел во делото на Аристотел, кој бил поттикнат да даде одговор на филозофските прашања поставени од неговите претходници Сократ и Платон. Во неговиот оригинален облик, овој предмет го засега човечкиот стремеж на имање доблесен (старогрчки: θɒs или старогрчки: θoʊs) карактер (старогрчки: ἀρετή), или со други зборови да се има одлични и добро избрани навики. Здобивањето со одличност на карактерот се однесува на доблесното живеење или на едвајмонија грчки збор често-пати преведуван како благосостојба, среќа или „блаженство“.[1] Поедноставно, етика е систематско изучување на тоа како поединците треба да живеат. Ова изучување отпрвин било поистоветувано со политичките науки, особено законодавството. Политиката влијае на човечкото воспитание, и поради тоа го адресира истото прашање за тоа кој е правилниот начин на живот, но од општествена гледна точка. Оригиналниот аристотеловски и сократовски одговор на прашањето за исправно живеење бил токму животот на филозофијата и контемплацијата.

Наводи уреди

  1. Nicomachean Ethics, trans. T.H. Irwin, Introduction. Hackett Publishing Company (Indianapolis: 1999) xv.

Надворшени врски уреди