Аржантејскиот басен со една едрилица

Аржантејскиот басен со една едрилица — слика на есенски предел од басенот во Аржантеј во техника масло на платно. Францускиот импресионист Клод Моне ја насликал во 1874 година.[1]

Аржантејскиот басен со една едрилица
Творец Клод Моне
Година 1874
Димензии 55 см × 65 см
Место Народна галерија на Ирска, Даблин, Република Ирска

Создавање

уреди

Делото е создадено за време на престојот на Моне во Аржантеј, град на брегот на Сена, на периферијата на Париз. Тука Моне купил чамец и го користел како пловечко ателје и насликал многу предели од околината.[1]

Национална галерија на Ирска

уреди

Сликата ја купил ирскиот драматург и активист Едвард Мартин во 1899 година, по совет на неговиот братучед Џорџ Мур. Сликата и била завештана на Националната галерија на Ирска во 1924 година.[2] Се проценува на 10 милиони евра.[3]

Вандализам и реставрација

уреди

Околу 11 часот на 29 јуни 2012 година, посетителот на галеријата, Ендрју Шенон, ја удрил сликата со тупаница предизвикувајќи „огромна штета, шокантна штета“ [4] со „обемно тространо кинење“.[5]

По 18 месеци реставраторска работа, на 1 јули 2014 година, сликата била повторно изложена во галеријата, но овој пат зад заштитно стакло.[3] При реставрацијата била изгубена 7% од оштетената површина, во процес кој вклучувал повторно шиење со микроскопски конци.[4]

За нападот Шенон бил осуден на 5 години затвор.[6]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Argenteuil Basin with a Single Sailboat“. National Gallery of Ireland. Посетено на 18 January 2015.
  2. „eMuseum“. National Gallery of Ireland. Архивирано од изворникот на 18 January 2015. Посетено на 18 January 2015.
  3. 3,0 3,1 „Restored Monet returned to National Gallery“. RTÉ. 1 July 2014. Посетено на 18 January 2015.
  4. 4,0 4,1 „Vandalised Monet work restored“. Belfast Telegraph. 1 July 2014. Посетено на 18 January 2015.
  5. „The Claude Monet Research & Conservation Project“. National Gallery of Ireland. Посетено на 18 January 2015.
  6. Wheaton, Oliver (6 December 2014). „Man is jailed for punching a hole through an £8 million Monet painting“. Metro. Посетено на 18 January 2015.

Надворешни врски

уреди
  • [1], Информации за Националната галерија на Ирска
  • [2], Процес на реставрација на Националната галерија на Ирска