Аремберг (планина)
Аремберг е планина која се наоѓа на 623 м надморско ниво, највисока планина во Ахр Планините. Се наоѓа во округот Арваилер, Рајнска област-Пфалц (Германија).
Географска локација
уредиОвој поранешен терциерски вулкан се издига во северозападниот дел на државата, во Рајнската област-Пфалц, околу 2,25 киометри источно од нејзината граница со Северна Рајна-Вестфалија и припаѓа на вулканскиот регион на Високиот Ајфел. На нејзините југозападни падини се наоѓа истоименото село Аремберг и, на југоисточното подножје, селото Антуаил. Базалтниот конус е опкружен со малиот природен резерват на Аремберг.
Дел од средниот тек на реката Ар тече покрај Аремберг на исток, а на север низ планината тече Ајхенбах.
Замок Аремберг
уредиНа планината се наоѓаат неколку руини кои припаѓаат на замокот Аремберг, некогаш моќна тврдина, а под и северно од планината, постои дел од римски пат.