Арванити
Арванити (арванитика: Αρbε̱ρεσ̈ε̰; грчки: Αρβανίτες) се двојазично[1] население на Грција со албанско потекло. Традиционално зборувале на арванитика, дијалект на албански јазик, заедно со грчки. Забележано е дека нивните предци започнале да се населуваат во денешна јужна Грција на крајот на 13ти и почетокот на 14ти век. Тие биле доминантно население во делови на Пелопонез, Атика и Беотија до 19ти век.[2] Тие се нарекувале себеси Арванити (на грчки) и Арберор (на нивниот јазик). Арванитите денес се самоидентификуваат како Грци како резултат на процесот на културна асимилација,[3][4][5][6] и не се сметаат себеси за Албанци.[7] Арванитика е во процес на исчезнување поради негова замена со грчкиот и големата внатрешна миграција во градовите и последователното мешање на населението во 20ти век.
Вкупен број | |
---|---|
est. 50,000–200,000 | |
Подрачја со значајно население | |
Атика, Пелопонез, Беотија, Евбеја | |
Јазици | |
албански (арванитика), грчки | |
Вероисповед | |
Православие | |
Сродни народи | |
Албанци, Грци |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ D Tsitsipis, L., 2004. A phenomenological view of language shift. Collegium antropologicum, 28(1), pp.55-62.
- ↑ Trudgill (2000: 255).
- ↑ Hall, Jonathan M (1997), Ethnic Identiy in Greek Antiquity, Cambridge University Press, p.29.
- ↑ Botsi (2003: 90); Lawrence (2007: 22; 156).
- ↑ GHM (1995).
- ↑ Hart, Laurie Kain (1999). „Culture, Civilization, and Demarcation at the Northwest Borders of Greece“. American Ethnologist. 26: 196. doi:10.1525/ae.1999.26.1.196.
- ↑ Trudgill/Tzavaras (1977).