Пајаковидни
- a0b0ff"
- a0b0ff"
Пајаковидни | |
---|---|
Скорпија Maurus palmatus | |
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
| |
Царство: | Животни |
Колено: | Членконоги |
Потколено: | Клештари |
Класа: | Arachnida Кувијер, 1812 |
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
| |
Крлежи (Acarina) |
Arachnida е класа на членконоги која ги вклучува пајаковидните животни: скорпии, пајаци, сенокосци, дерматофагоиди и крлежи, како и некои други осумножни копнени без‘рбетници. Фосилните податоци укажуваат на тоа дека арахнидите биле меѓу првите животни кои живееле на копното, најверојатно во девонскиот период, пред околу 400 милиони години. Познати се околу 60,000 видови, иако многу, особено дерматофагоидите, се малку познати и неопишани. Пајаковидните се наоѓаат во речиси секое живеалиште, но тие се најголеми и најраспространети во топли суви и тропски региони.
Општи одлики
уредиТелото на пајаковидните е поделено на два дела: антериорен (преден) и постериорен (заден) дел. Предниот дел, наречен цефалоторакс, ги содржи сетилните органи, усните делови и парните екстремитети. Првиот пар на екстремитети се хелицерите кои можат да имаат отровни жлезди, додека вториот пар се педипалпите кои можат да служат како клешти, сетилни органи или нозе. Другите парови на екстремитети, обично четири, се користат за движење. Постериорниот дел на телото, абдоменот, ги носи гениталните отвори и други структури. Пајаковидните најчесто дишат со изменети жабри, наречени листести бели дробови. Повеќето пајаковидни се солитарни освен за време на парењето, кога може да се набљудува комплексно однесување. Женките можат да ги чуваат јајцата или младите, кои најчесто се раѓаат живи.
Однесување и значење
уредиОбично арахнидите се грабливци. Тие често ловат или демнат мали животни како инсекти. Храната може делумно или целосно да се распадне од секретираните течности и дури потоа да се вцица. Пајаковидните имаат прости очи и различни структури кои помагаат при фаќањето на пленот, како што се сегментираните, боцкасти опашки на скорпиите и абдоминалните боцки со кои пајаците конструираат елаборирани стапици за инсектите. Дерматофагоидите го сочинуваат најголемиот и најразновиден ред на пајаковидни животни, по што следат пајаците. Некои дерматофагоиди се хранат со растенија, а неколку видови се сериозни земјоделски штетници. Некои се грабливци и често се хранат со други видови дерматофагоиди. Паразитскиот стил на живот е чест меѓу дерматофагоидите специјализирани за паразитирање на влекачите, птиците и цицачите. Крлежите имаат во себе организми кои предизвикуваат сериозни човекови болести, како борелиоза.
Убодите од некои пајаци и бодежите на неколку видови на скорпии се опасно отровни за луѓето (пајакот црна вдовица, кафеавиот пајак пустиник). Но, повеќето пајаковидни се безопасни и учествуваат во одржувањето на балансот во природата со контролирање на популациите на инсектите.