Анџелина Надаи Лохалит (родена 1993 година, заведена како 1 јануари)[1] е атлетичарка по потекло од Јужен Судан, но сега живее и тренира во Кенија. Таа се натпреваруваше како дел од Олимпискиот тим за бегалци на Летните олимписки игри 2016 година.

Анџелина Лохалит
Анџелина Лохалит пристигнува во Рио де Жанеиро за Летните Олимписки игри во 2016 година
Лични податоци
НационалностЈужно Суданка
Роден(а)Дата на раѓање 01.01.1993 (Возраст 29)
ЖивеалиштеKakuma refugee camp
Спорт
СпортAthletics
Дисциплини1500m
Инфо од 16 Септември 2016.

Ран живот

уреди

Лохалит е родена во Јужен Судан. Таа и нејзиното семејство се криеле за да не бидат пронајдени за време на рациите.[2] Во 2001 година, кога Лохалит имала осум години, таа морала да го напушти својот дом кога нејзината земја била зафатена од граѓанска војна и насилството го опфатило нејзиното село со нагазни мини кои биле пронајдени во близина на нејзиниот дом.[2][3] Таа била одвоена од нејзините родители бидејќи нејзините родители ја испратија во Кенија од безбедносни причини.[2][3] Таа пристигнала во северна Кенија во 2002 година, сместувајќи се во бегалскиот камп Какума . Бегалскиот камп Какума е еден од најголемите бегалски кампови во светот со над 179.000 луѓе. Додека посетувала основно училиште во кампот, таа започнала со трчање.[3]

Кариера

уреди

И покрај победите на различни училишни натпревари, дури кога професионалните тренери дошле во Какума за да одржат селекциони испитувања за посебен тренинг камп, откриле колку е добра таа. Лохалит била избрана да тренира под водство на олимписката шампионка и маратонка Тегла Лорупе во нејзината спортска фондација во Најроби. Овде, тркачката на 1500 метри тренирала со уште четворица тркачи од Јужен Судан кои учествувале во олимпискиот тим за бегалци во Рио 2016[4] кој е избран од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) да се натпреварува за Олимпискиот тим за бегалци во категоријата за жени на 1500 m на Летните олимписки игри 2016 година во Рио де Жанеиро, Бразил.[3] Лохалит се пласираше на 40то место од 41 тркач во првото коло од настанот со време од 4:47.38. Таа не напредувала.[5]

Лохалит се надевала дека преку успехот во трчањето ќе може да им помогне на своите родители кои не ги видела од својата 8-та година.[4]

Натпревари

уреди
Година Натпреварување Град Место Настан
Претставник на Атлетичарите бегалци
2016 Олимписки игри Рио де Жанеиро, Бразил 40та (h) 1500 m 4:47.38
2017 Светскi првенствa Лондон, Обединето Кралство 43та (h) 1500 m 4:33.54
2021 Олимписки игри Токио, Јапонија 14та (h) 1500 m 4:31.65
2022 Светско првенство во сала Белград, Србија 19та (h) 1500 m 4:34.72
Африканско првенство Порт Луис, Маурициус 16та (h) 800 m 2:19.29 10та 1500 m 4:33.74

Наводи

уреди
  1. „Anjelina Nadai Lohalith“. rio2016.com. International Olympic Committee. Архивирано од изворникот на 26 August 2016. Посетено на 23 August 2016.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Meet the first Refugee Olympic Team“. CBS News. 15 August 2016. Посетено на 4 November 2016.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Refugee Olympic Team“ (PDF). International Olympic Committee. Посетено на 5 June 2016.
  4. 4,0 4,1 Marche, Patrick (14 June 2016). „Olympic refugee team: Anjelina Nadai Lohalith hopes Rio 2016 success will reunite her with parents“. rio2016.org. Архивирано од изворникот на 14 September 2016. Посетено на 4 November 2016.
  5. „Women's 1500m Round 1“. Rio2016.org. Архивирано од изворникот на 4 November 2016. Посетено на 4 November 2016.

Надворешни врски

уреди